Ципрас бара од Париз да се отвори европскиот пат за Македонија

Атина, 19. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Кога беше постигнат Договорот од Преспа во 2018, за Северна Македонија „се отклучи“ перспективата за проширување, паралелно давајќи ѝ импулс и на албанската европска перспектива, а придонесе и за нов моментум во развојот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Ако повторно ја изгубиме оваа динамика, ќе биде многу тешко одново да ја вратиме, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во неговиот говор за проширувањето на ЕУ, на настан во францускиот Сенат, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, паралелно, од Париз побара да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Рече дека Унијата „не може да биде силен геополитички фактор на меѓународно ниво, доколку не е кредибилен фактор во нејзиното соседство“.
Ципрас истакна дека во 2018, со потпишувањето на Договорот од Преспа, даде нов импулс во европската перспектива на Западен Балкан, по четири години стагнација.

– Зоран Заев, како премиер беше доста храбар да најде компромис со мене за името, а истото го стори и со Бугарија, иако ја знаеше тешката политичка цена. Причината, зошто ние и нашите министри за надворешни работи, Никос Коѕијас и Никола Димитров, успеавме да стигнеме до овој договор беше затоа што го базиравме со взаемно почитување и заемно прифатливи решенија. Ние, не ги префрливме проблемите за далечната иднина, не ја фрливме топка на следниот. Не се обидовме меѓусебно да се измамиме или да играме политички трикови. Не игравме на лесната карта – националистичкиот популизам што другите политички сили го користеа и го користат во нашите земји. Ние, го почитувавме меѓународното право – рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА истакна дека „ако се награди Зоран Заев и народот на Република Северна Македонија, ќе биде порака за сите други лидери од Западен Балкан и поширокиот регион – објаснувајќи дека тоа ќе биде порака до Албанија да направи уште повеќе чекори во владеењето на правото и за правата на грчкото малцинство, дека ќе биде порака до лидерите на Белград и Приштина да го решат косовското прашање, но и порака до босанското раководство за стабилност.

Целиот текст проќитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива