ЈП „Водовод“ Охрид: Апел за намалено физичко присуство во просториите на претпријатието

Охрид, 16. март 2020 (ИНПРЕС) – Согласно препораките од Владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот COVID 19 , ЈП Водовод Охрид упати апел до сите корисници на услугите, во наредниот период доколку е возможно да се избегнува физичко присуство во просториите на претпријатието.

За сите потребни информации да се користат телефоните за контакт : 046/ 250 -120 , 046/230-020, 046/254-179 , дежурна служба за интервенции 075/212 -901 , официјалниот мејл: javnost@vodovod-ohrid.com.mk а уплатите најдобро е да се вршат во банките електронски или на веб страната за електронско плаќање www.evodovod-ohrid.com.mk

Шалтерите за наплата во наредниот период ќе работат со ново работно време:

– Дирекција од 08:00 – 14:00 часот,
– Наплатен центар Корзо од 08:00 – 18:00 часот.
– Наплатен центар Комуналец (градски пазар) од 08:00 – 18:00. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива