Драстичен пад на цените на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 16. март 2020 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ значително намалување на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 7,50 денари, па новите цени ќе бидат 54,50 односно 56,50 денари за литар.

Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваатза 6 денари и од полноќ ќе се точат за 48,50 односно 37,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалуваза 6,961ден/кг и ќе изнесува 21,934ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива