НБА-лигата нема да продолжи?

Рим, 16. март 2020 (ИНПРЕС) – НБА-лигата е прекината на период од еден месец поради коронавирусот. Прашањето е дали воопшто лигата ќе продолжи или челниците ќе ја прекинат сезоната.

Како што објави новинарот на ЕСПН, Адријан Вијнаровски, челниците на лигата и сите франшизи се подготвуваа лигата да продолжи на почетокот на јуни, без публика. Според Војнаровски, ова сценарио е најдоброто што може да се случи.

Според него, сезоната може и да не заврши, односно да биде прекината.

Од вчера во САД е забранет каков било собир со повеќе од 50 луѓе во наредните осум недели. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива