Missing image

Еколошкиот филм „Дом“ вечерва ќе биде прикажан во Битола

Битола, 9. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Во Малата сала, при Домот на Култура во Битола вечерва ќе се прикажува филмот „Дом“, кој е сниман во 54 земји.

Филмот преку спектакуларна фотографија нуди вчудоневидувачки поглед на планетата Земја и нејзините убавини. Документарниот филм „Дом“ дава до знаење дека со забрзаната и несовесна експлотација на ресурсите од нашата планета ние го нарушивме глобалниот еко-систем. И додека некои добро ситуирани земји уживаат во својата моќ, луѓето од Третиот свет, тонат во мизерија предизвикана од себичната политика на токму тие моќни земји.

После филмот, ќе се дискутира за проблемите со аеро загадувањето (и како може тие да се решат) во Битола со Предраг Стојковски од Енергетска Ефикаснот и Томе Наумов, поранешен министер за животна средина и член на новоформираното тело за аерозагадувањето во Битола.

Настанот е поддржан од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY.

Почетокот на настанот е во 20:00 часот. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива