Во близина на Велгошти пронајдена почината жена која била пријавена за исчезната

Охрид, 20. март 2020 (Inpress) – Вчера околу 12:00 часот жител на охридското село Велгошти во СВР Охрид пријавил дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице.

По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д.Н.(80) од село Велгошти, која на 7-ми март оваа година била пријавена за исчезната.

По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива