Од ГДУ предлагаат мерки за финансиски да се помогне здравствениот систем

Од ГДУ предлагаат мерки за финансиски да се помогне здравствениот систем

Охрид, 20. март 2020 (Inpress) – Од Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) предлагаат неколку мерки со цел финансиски да се помогне здравствениот систем.

– Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;

– Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;

– Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;

– Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;

Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата – порачаа од партијата. (Крај)

извор: Inpress фото: архива