Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ вршат дезинфекција на јавните површини на подрачјето на општина Охрид

Охрид, 20. март 2020 (Inpress) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ продолжија со вонредните превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на општина Охрид.

Согласно препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на детските игралишта:

– Населба „Видобишта“
– Улица „Сатеска“
– Улица „Пере Тошев“
– Улица „Крали Марко“
– Булевар „Туристичка“ (наспроти „Окта“)
– Населба „Христо Узунов“
– Населба „Гоце Делчев“
– Населба „Расадник“
– „Холандски парк“
– Патеката кон „Горица“

Image may contain: outdoor

Исто така во текот на денешниот ден беше извршена дезинфекција на:

– Отворените фитнес зони
– Скејт паркот

Во рамки на акцијата за дезинфекција беа опфатени и:

– Јавните површини во комплексот на објектите на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
– Јавните површини во комплексот на станбени згради во населбата „Расадник“.
– Јавните површини кои ги користат ЈП „Водовод“, ЈП „Нискоградба“, ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Билјанини извори“.

Image may contain: outdoor

Од ЈП „Охридски Комуналец“ најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени и активности за дезинфекција на јавните површини во селата: Косел, Сирула, Ливоишта и Куратица.

Дел од екипите на претпријатието со соодветна механизација, ќе бидат ангажирани и за помош на акцијата за дезинфекција на подрачјето на ппштина Дебрца. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид