Кривични за угостител и сопственик на интернет кафе од Дебар кои работеле во време на забрана

Кривични за угостител и сопственик на интернет кафе од Дебар кои работеле во време на забрана

Дебар, 20. март 2020 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 42-годишниот Л.О., сопственик на угостителски објект и 26-годишниот Б.Л. сопственик на интернет кафе, и двајцата од Дебар.

– На 18-ти март 2020, при извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угосителски и други објекти во кои се собираат поголема група на граѓани, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива