Мајка и син прјавиле дека биле нападнати во куќа во населба „Чекоштина“

Мајка и син прјавиле дека биле нападнати во куќа во населба „Чекоштина“

Охрид, 21. март 2020 (inpress) – На 21-ви март 2020 година, во 02:45 часот во СВР Охрид, 56-годишната С.Н. од Охрид пријавилa дека додека заедно со нејзиниот син Д.Н. биле во нивниот дом на местото викано „Чекоштина“ во Охрид, го забележале 30-годишниот И.Б. од Охрид како ја скршил влезната врата и фрлил со камен кон С.Н., а потоа ја турнал на подот упатувајќи закани кон неа и нејзиниот син.

– Потоа И.Б. излеглол надвор и ги искршил масата и столиците по што заедно со 33-годишниот О.Л. од Охрид кој го чекал во непосредна близина на куќата го напуштиле местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. По превземени мерки И.Б. бил приведен во Полициска станица за понатамошна постапка, а О.Л. бил повикан во Полициска станица за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива