Охридскиот бенд Hardfaced го промовираше видеото за синглот „Implored by Hate“

Охрид, 22. март 2020 (Inpress) – Охридскиот метал бенд Hardfaced го промовираше видеото за својот втор сингл „Implored by Hate“, тема од нивниот четврт албум „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“.

– Видеото е снимено за време на концертната промоција албумот на бендот, која се одржа на 15-ти март 2020 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје, од страна на Александар Цветаноски, кој исто така е потпишан и како монтажер, информираат од тимот на Hardfaced.

Hardfaced се формирани во Охрид во 2004 година и зад себе покрај „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“ имаат издадено уште три студиски албуми: „More Than Hate“ во 2007, „Show Them What They Fear“ во 2011 и „Dying Lake“ во 2014 година. Бендот го сочинуваат: Димитар Савески – вокал, Јован Наумоски – гитара, Горан Вељаноски – гитара, Јордан Маленко – тапани и Љупчо Стефаноски – бас гитара. Албумот „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“ е во издание на Diehard records, снимен е во Република Македонија и Шведска, а мастерингот и миксот на албумот го направи Lasse Lammert LSD studio од Германија.

Од Hardfaced информираат и дека поради новонастаната ситуација со вирусот Covid-19, бендот ги одложува закажаните концертни промоции во Белград и Софија и им порачуваат граѓаните да останат во своите домови овој период, за сѐ да заврши што побрзо и без посериозни последици.

За Hardfaced и од интервјуто кое неодамна за Супер радио и OhridPress го имаше Димитар Савески, вокалист на бендот. (Крај)

извор: Inpress фото: архива