Стара и дотраена електрична инсталација предизвика пожар во куќа во струшко Ложани

Струга, 22. март 2020 (Inpress) – На 21-ви март 2020 година, во 02:30 часот, во Полициската станица во Струга, 77-годишниот Д.С. од струшкото село Ложани, пријавил пожар во неговата куќа и плевна.

– Од извршениот увид, констатирано е дека изгореле повеќе апарати за домаќинство, земјоделски машини и алати, амбари со пченка и пченица и домашни животни. Натамошното ширење е спречено со интервенција на пожарникарите кои со две противпожарни возила, го локализирале и изгаснале пожарот. Утврдено е дека причина за пожарот е стара и дотраена електрична инсталација, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива