Охриѓанецот Мартин Милески го објави видеото за песната „Colosseum full of emotions“

Охриѓанецот Мартин Милески го објави видеото за песната „Colosseum full of emotions“

Охрид, 22. март 2020 (Inpress) – Младиот охридски музичар Мартин Милески го објави видеото за песната „Colosseum full of emotions“.

– Ви го презентирам официјалното видео за „Colosseum full of emotions“. Приказната во ноти, заедно со Кристијан Љушев направивме да има и визуелен тек. Кристијан растури. Право ремек дело. Друго, баш го чекав овај ден, да го објавам мојот последен поздрав за моите родители, роденденот на татко ми. Видеото е емотивно за мене, се надевам ќе биде и за вас. Денес ги имаш, се’ е во ред, утре, ништо, прашина… Сакајте се, убав е животов, премногу е краток само. Чувајте ги вашите баба и дедо, вашите родители, вашите сакани и седете дома. Еве уште нешто за да Ве занимава додека сте во карантин, порача Мартин на неговиот профил на Facebook.

Повеќе за Мартин и неговиот албум ОВДЕ. (Крај)

извор: Inpress фото: архива