Нов земјотрес од 3,7 степени во Загреб

Загреб, 23. март 2020 (Inpress) – Нов силен земјотрес е регистриран во Загреб. Траел неколку секунди, а според првичните информации бил со магнитуда од 3,7 степени по Рихтер на длабочина од два километри.

Претходно ноќеска, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) регистрираше нови земјотреси во Загреб. Првиот беше регистриран во 01:59 часот, вториот во 03:00, третиот во 05:15, четвртиот во 05:26 и петтиот во 06:52 часот. Најсилниот беше оној од 03:00 часот, со магнитуда од 3,1 степени по Рихтер.

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ најави дека денес ќе биде прогласена состојба на елементарна непогода, за да може да се формира фонд за санација на оштетувањата.

Здравствената состојба на тешко повредената, 15-годишна девојка, која настрада во вчерашниот земјотрес и утрово е непроменета и таа останува на одделот за интензивна нега.

Силен земјотрес го потресе Загреб

Силен земјотрес од 5,3 степени придружен со повеќе помали го погоди вчера рано наутро Загреб, хрватскиот главен град.

Ударот предизвика голема материјална штета во градот. Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади. Оштетена е и катедралата во центарот на градот откако колабираше една од двете кули. Катедралата беше реновирана откако беше тешко оштетена во последниот голем земјотрес во градот во 1880 година. (Крај)

извор: Index.hr фото: архива