Затворен угостителски објект во Лабуништа кој работел за време на вонредните мерки

Струга, 23. март 2020 (Inpress) – На 21-ви март 2020 година, екипи од полициски службеници од ОВР Струга и инспектори од Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на општините Струга и Вевчани извршија контрола на 10 угостителски објекти, а во врска со спроведувањето на одлуката на Владата на Република Македонија за заштита од вирусот COVID-19.

– Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во селото Лабуништа ги прекршил предвидените мерки по што, со решение од Пазарната инспекција, веднаш е затворен. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива