За седум дена продолжен рокот за поднесување ДДВ-04

Скопје, 24. март 2020 (Inpress) – Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1-ви до 29-ти февруари годинава до 31 март годинава.

– Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (коронавирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за седум дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година, соопштија од УЈП. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива