Филипче: Два метра растојание кога комуницирате со други луѓе

Филипче: Два метра растојание кога комуницирате со други луѓе

Скопје, 25. март 2020 (Inpress) – Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи, порача на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус, напиша Филипче.

Закажувањето на земање брисеви се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар. (Крај)

извор: Inpress фото: архива