Црвен крст Охрид од денес нуди психосоцијална помош и поддршка

Црвен крст Охрид од денес нуди психосоцијална помош и поддршка

Охрид, 25. март 2020 (Inpress) – Охридскиот Црвен крст од денес нуди психосоцијална помош и поддршка.

– Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка. Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10:00 до 12:00 часот и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15:00 до 17:00 часот. Покажете храброст и грижете се за своето ментално здравје, се вели во дописот од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива