Фудбал ќе се игра и во јули

Нион, 25. март 2020 (Inpress) – Претставници на УЕФА, Здружението на европските клубови ЕЦА и најсилните национални првенства повторно на заеднички состанок барале начин како да заврши фудбалската сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека начелно е постигнат договор најпрвин да завршат сезоните во националните шампионати, а дури потоа да се играат мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Според овие извори првиот човек на ЕЦА, претседателот на Јувентус Андреа Ањели успеал да го убеди првиот човек на УЕФА Александар Чеферин да го подржи овој предлог.

Суштина на овој предлог е да биде формиран хомоген календар, односно 12 најсилни национални првенства во Европа да завршат во исто време. Ова значи дека фудбал ќе се игра и во јули, но важно е дека сите клубови би дбиле исти услови во борбата за шампионските титули, пласман во европските купови.

Иако се уште ништо не е сигурно поради пандемијата со коронавирусот сезоната би требало да продолжи на 2 и 3 мај. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива