Принцот Чарлс инфициран со коронавирус, палатата потврди дека е во изолација

Лондон, 25. март 2020 (Inpress) – Британскиот принц Чарлс е тестирана на коронавирус и неговиот наод е позитивен.

Принцот од Велс има 71 година, со многу слаби симптоми на коронавирус и се чувствува добро, потврдија од палатата.

За него се вели дека е во изолација. Неговата сопруга Камила (72) не е заразена со коронавирус.

– Тој има благи симптоми, но е во добра здравствена состојба и работи од дома последните неколку денови, како и обично. Војвотката од Корнвел е, исто така, тестирана, но нема вирус, стои во соопштението.

Не е познато како принцот Чарлс се заразил, но се наведува дека во текот на последните недели имал повеќе обврски во јавноста.

Кралската брачна двојка, според советите на лекарите, останала во својот дом во Шкотска. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива