Се зборува на Facebook: Угостителите ќе ги одјават работниците, ако Владата не им помогне

Охрид, 26. март 2020 (Inpress) – Веста дека угостителите ќе ги одјават работниците, ако Владата не им помогне, беше една од најкоментираните изминативе 24 часа на Facebook профилот на OhridPress.

Граѓаните генерално со став дека доколку сопствениците на угостителските објекти се одлучат на ваков чекор, ќе останат без вработени кога кризата ќе помине. Се апелира до Владата да помогне, но и до угостителите да ги користат резервите за да ги задржат вработените на работа.

Дел од нив потсетуваат дека хотелите можеа да ги стават капацитетите за карантин по цена од 10 евра по кревет, што беше прифатено само од еден хотел во Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress