Владата отвори мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на препораките во борбата против КОВИД-19

Скопје, 26. март 2020 (Inpress) – Владата на Република Македонија и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД-19.

За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови е-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии. Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државeн инспекторат за труд poplaki@dit.gov.mk
151 31

-Државен пазарен инспекторат nepravilnosti@dpi.gov.mk
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство sin@fva.gov.mk
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт prijavi@dti.gov.mk

-Агенција за лекови и медицински средства prijavi@malmed.gov.mk

– Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, информираат од македонската Влада. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива