Продолжува дезинфекцијата на училиштата во Охрид

Охрид, 26. март 2020 (Inpress) -Во рамки на оперативниот план на Локалната самоуправа за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, деновиве продолжиja активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид, напиша градоначалникот Константин Георгиески на официјалната страна на Фејсбук.

Беше извршена дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во: СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и СОСУ „Свети Климент Охридски. 

Фотографија на Константин Георгиески - официјална страна.

Претходно беше извршена дезинфекција на сите основни училишта во општината. (Крај)

извор: Inpress фото: ФБ