Мобилните тимови на охридскиот Црвен крст опслужија над 100 постари, болни и изнемоштени лица

Охрид, 26. март 2020 (Inpress) – Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од новиот Коронавирус, охридскиот Црвен крст со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст во текот на овие 10-тина дена опслужи над 100 лица, меѓу нив и околу 70 граѓани во социјален ризик.

– Во зависност од локацијата, се упатува тимот, се врши набавката и се доставува на домашна адреса, секако со соодветна заштита на самите тимови. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Тоа се однесува на набавка на намирници за домашни потреби, набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи. Исто така доколку имаат потреба за уплата на сметки, вадење на упати, случај на земање на инсулин, достапни сме за граѓаните на Охрид. Доколку имаат потреба, а бидејќи не смеат да излезат, можеме да им ги завршиме и сите работи во банка, плаќање на сметки или кредит, информираат од Црвен крст Охрид.

Image may contain: one or more people, people standing, shoes and outdoor

Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:

☎ 046 261 909
☎ 070 315 309
☎ 13 112 (скратениот број на Планинската спасителна служба)
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на ☎ 13 112 и по 16:00 часот.

Image may contain: one or more people, people standing, shoes, child and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, tree, sky, plant, outdoor and nature

Image may contain: one or more people, house and outdoor

Image may contain: 2 people, people standing, people sitting and indoor

Од Црвен крст Охрид упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата и Министерството за Здравство за заштита од новиот Коронавирус и да останат дома.

– Ве охрабруваме доколку имате потреба од доставување на храна, средства за хигиена и слично, Ве молиме, јавете ни се, додаваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива