Се продолжува работното време за прием на странки во УЈП

Скопје, 27. март 2020 (Inpress) – Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од денес го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионалните дирекции/одделенија/шалтери.

Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради Корона вирусот COVID-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од Корона вирусот COVID-19 и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси што ќе им послужи пред Развојната Банка.

Управата за јавни приходи ги советува и упатува апел до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за кредитната линија на Развојната Банка. (Крај)

извор: Inpress фото: архива