Ибрахимовиќ на насловна страница: Чао, чао, Милан!

Ибрахимовиќ на насловна страница: Чао, чао, Милан!

Милано, 1. април 2020 (Inpress) – Италијанскиот спортски весник „Газета“ на својата насловна страница објави дека Златан Ибрахимовиќ наводно донел конечна одлука да не го продолжи договорот со Милан и ова лето да бара нов тим за продолжување на кариерата.

Како што објави медиумиот. шведскиот голгетер бил разочаран од раководството на клубот, како и од одлуката Ѕвонимир Бобан да ја напушти функцијата.

Ибра во јануари потпиша шестмесечен договор со Милан со можност тој да биде продолжен на уште една година. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива