Привремено запрено производството на мексиканското пиво „Корона“

Мексико Сити, 3. април 2020 (Inpress) – Мексиканската компанија Grupo Modelo која го прави светски познатoтo пиво „Корона“ објави дека привремено го запира производството на овој и останатите брендови, кои се извезуваат во 180 земји.

Мексиканската влада неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус и нареди прекинување на неесенцијалните производствени активности во земјата. Од Grupo Modelo соопштија дека одлуката за стопирање на производството ќе стапи на сила од недела.

Компанијата Grupo Modelo има 11 пивари низ Мексико. (Крај)

извор: Inpress фото: архива