Помош за оние кои останале без работа или се дел од неформалната економија, образовниот додаток ќе продолжи да се исплаќа

Скопје, 3. април 2020 (Inpress) – Помош за лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија, како и образовен додаток за основци односно средошколции чии семејства се со ниски или без приходи, се дел од мерките кои ги презентира министерството за труд и социјална политика.

Во вториот сет мерки освен заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои им е најпотребна, рече на прес конференција заменик министерот Ѓонул Бајрактар.

– На лицата кои останеле без работа или биле дел од неформалната економија им овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита преку остварувањето на правото на минимална гарантирана помош. За да ја добијат помошта, материјалната необезбеденост на лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци. Оваа мерка ќе важи за април и за мај.
Предвидовме уште една мерка за поддршка на постоечките корисници во системот на социјална заштита тие ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток во висина од по 1000 денари за април и мај. Тоа се околу 30 000 корисници, рече Бајрактар.

Дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ,потенцира дека секој поединец заслужува еднаква грижа, а приоритет, и на прво место за МТСП и Владата секогаш биле децата, бидејќи тие се најранливи на сите овие стресови за време на кризните ситуации.

– Значајно е семејствата кои се со ниски или без приходи. Влдата на вчерашната сеница донесе уредба со која условот за потврда на редовниост за исплата на образовниот додаток за третиот и четвртиот мерен период од 2019/2020 престанува да важи. Тоа значли дека правото на образовен додаток ќе продолжи да се исплаќа без разлика што не се одвива наставата. Околу 17 000 семејства со деца ќе го остварат ова право на образовен додаток и тоа по 700 денари за децата од основно образование и 1000 денари за децата од средно образование, истакна Шкријељ.

Покрај тоа се продлжуваат и сите рокови за поднесување барања за оставрување или обнова на правата за еднократна помош за новороденче, родителски додаток за трето и четврто дете и тоа за три месеци од денот на истекот на вонредната состојба, а дополнителни олеснувања се донесени и за лицата со попреченост. (Крај)

извор: Inpress фото: архива