Покрената постапка против едно лице за прекршување на полицискиот час во Охрид​

Охрид, 3. април 2020 (Inpress) – Основното јавно обвинителство од Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека вечерта на 26-ти спроти 27-ми март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност. (Крај)

извор: tv21.tv фото: архива