Филипче: Нови 15 заболени, од нив еден во Струга, вкупно 570 лица

Филипче: Нови 15 заболени, од нив еден во Струга, вкупно 570 лица

Скопје, 6. април 2020 (Inpress) – Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови пациенти, дијагностицирани со КОВИД-19, објави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Од нив едно е од соседна Струга, а вкупната бројка на заболени лица се искачи на 570 лица. На Инфективната клиника во текот на последните 24 часа починаa тројца пациенти, еден од Кочани и двајца од Тетово.

По градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29-ти март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години. Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.

Image may contain: text

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 239
Куманово – 121
Дебар – 49
Штип – 20
Прилеп – 33
Тетово – 29
Струга – 25
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 14

Министерот Филипче објави дека во текот на изминатиот ден се направени се 202 теста и апелираше да се почитуваат мерките на Владата за спречување на Коронавирусот.

Претходно Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8-ми април 2020 година, од 16:00 часот.

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Република Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. (Крај)

извор: Inpress фото: архива