Поради градежни активности забрането паркирање на дел од улица „15-ти корпус“

Охрид, 14. април 2020 (Inpress) – Од денес ќе се изведуваат градежни активности на улицата „15-ти корпус“.

Поради изведување на планирани активности, од oпштина Охрид ги информираат сите сопственици на моторни возила и учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на улица „15-ти корпус“ во делот на ресторан „Панорама“.

Моторните возила кои нема да бидат навремено отстранети ќе бидат отстранети со асистенција на пајак-службата. (Крај)

извор: Inpress фото: архива