Охрид е музика: „Карантин“ ковер на „Ајде сонце зајде“ на Леб и сол

Охрид, 19. април 2020 (Inpress) – Дванаесет одлични музичари ги здружија силите и во време додека се сите во домовите и се придржуваат на полицискиот час, ја ослободија својата креативност и снимија фантастична обработка на големиот хит на култните Леб и сол.

„Виновникот“, Зоран Кречо вели дека оваа песна прв пат ја свиреле пред полни 25. години.

– Стара ама незабораена, Леб и сол и „Ајде сонце зајде“. Пред 25 години со некои од дечкиве прв пат ја отсвиривме, денес пробвиме пак 🙂 Благодарност батулиња шо се нафативте да посвириме заедно една ваква прекрасна композиција! ❤️ Music connects people, порача Кречо на социјалните мрежи.

Покрај него, дел од проектот се: Илија Волкан, Тони Јованоски, Владимир Кречоски, Александар и Јовица Каралиески, Александар Петрески, Димитри Алчев, Ѓоко Апостолов, Никола Јосифоски, Chris Hofler и Никола Јолески. (Крај)

извор: Inpress фото: архива