Два земјотреси регистрирани во Загреб

Загреб, 23. април 2020 (Inpress) – Нови два земјотреси утрово го погодија хрватскиот главен град Загреб.

Првиот потрес бил регистриран во 09:52 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Вторипт потрес е забележан во 10:00 часот.

Пред точно еден месец Загреб го потресоа серија земјотреси, имаше повредени граѓани и огромни материјални штети. (Крај)

извор: zagreb.info фото: архива