Прекрасна „карантинска“ верзија на „Чукни во дрво“: Надвор е пролет, живи сме…

Скопје, 25. април 2020 (Inpress) – Бројни македонски артисти, предводени од авторот на песната, нашиот најдобар гитарист Влатко Стефановски, изведоа прекрасна „карантинска“ верзија на неговата антологиска песна „Чукни во дрво“.

Покрај Стефановски, дел од проектот се и Игор Џамбазов, Влатко Лозановски, Калиопи, Тамара, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Пере „Нокаут“ и многу други.

Свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

Комплетниот проект е во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата. Секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов! (Крај)

извор: Вечер фото: архива