#SediSiDoma: Погледнете ја епизодата „Поздрав из Охрида“ на култната емисија на Бранко Коцкица

Охрид, 26. април 2020 (Inpress) – Во насока на полесно следење на препораките за спречување на ширењето на Коронавирусот, OhridPress постојано Ви објавува интересни содржини за охриѓани да останат во домовите, но и да имаат нешто интересно за следење.

За денес Ви ја нудиме Тв емисијата „Поздрав из Охрида“, како епизода од некогаш култната „Коцка, коцка, коцкичка“ на Бранко Милиќевиќ (Бранко Коцкица).

Во емисијата може да се види Охрид пред неколку децении, и да се направи споредба со денешниот.

Одвојте 30-тина минути и уживајте во прекрасни содржини и вистински времеплов во едно убаво време. (Крај)

извор: Inpress фото: screenshot видео: РТС