Утре седница на општинскиот Совет преку конференциска врска

Охрид, 29. април 2020 (Inpress) – За утре, 30-ти април е закажана седница на Советот на општина Охрид.

Поради состојбата со коронавирусот седницата закажана за 11:00 часот ќе се одржи преку конференциска врска.

Советниците ќе расправаат за измените на одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност. Ќе треба да се прозинесат за предлог-годишната програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП „Нискоградба“ Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива