ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е што во целиот мандат на Георгиески, освен селективни решенија за рушење, повеќе храброст не видовме

Охрид, 18. мај 2020 (Inpress) – Нарушувањето на светското природно и културно наследство на Охрид пред очите на Георгиески никако да запре, реагираат на последните информации за градење на бетонски ѕид на самата плажа во Градиште од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Георгиески зошто ја лажете јавноста или тоа веќе Ви премина во навика? Ако се почитуваат законските процедури за да се отстрани ѕидот до самото Охридско Езеро во Градиште, а се ближи и крајот на месец мај, тогаш зошто тоа не е направено и отстрането во предвидениот рок од општина Охрид? Тука е вашето лицемерие затоа што во целиот мандат освен селективни решенија за рушење повеќе храброст не видовме.
Јавноста е сведок дека не срушивте ниту еден објект. Дали тоа го правите свесно и намерно сакајќи да помине Законот за легализација предложен од вашата партија? Или сѐ Ви е пресметано во предизборен пазар? И после со право ќе се плашите за Вашиот живот. Фактурите пристигнуваат, а никој од времето не избегал исто како Вас. Веднаш да пристапите кон рушење! Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: Inpress