Блажески: COVID-ваучерите се спас за туризмот

Охрид, 18. мај 2020 (Inpress) – Туристичките работници можат да здивнат. Ваучерите ќе донесат најмалку половина милион ноќевања, што во овие услови значи спас за капацитетите, вели во интервју за DW Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Веста за третиот пакет мерки за помош од кризата наметната од пандемијата на COVID-19 предизвикува олеснување. Посебно кај најтешко погодените хотелиери и угостители. Пакетот мерки тежи 355 милиони евра, а вкупно се таргетирани дури 730.000 корисници. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра.

– Ваквиот потег на владата е вистински потег во вистинско време, коментира во разговор за Дојче веле, Крсте Блажески, претседател на организацијата на хотелиери ХОТАМ. Според пресметките, таа ќе донесе најмалку половина милион гости, но и дополнителен прилив со оглед дека ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи.

Блажески е задоволен, иако дополнително очекува и поконкретни мерки за долгорочен спас на туризмот во државата.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: DW фото: архива