Три лица во Охрид и четири во Струга не ја почитувале забраната за движење

Охрид, 18. мај 2020 (Inpress) – Во текот на изминатото деноноќие (17/18-ти мај , за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, девет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-3, Струга-4, Кичево-2).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Утринава во 03:30 часот, Б.С.(37) од Кичево, на улицата „Мехмед Мехмеди“ во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во истиот период, не се регистрирани други нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 33 контроли врз лица во изолација, 45 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-14, Струга-11, Кичево-6, Дебар-14) и 55 контроли на угостителски и други објекти. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива