22 нови случаи на COVID-19, уште едно заболено лице во Струга

Скопје, 19. мај 2020 (Inpress) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 16
– Куманово 10
– Прилеп 6
– Тетово 15
– Велес 1
– Крива Паланка 1
– Валандово 1

Во текот на изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 8, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 3, Струга 1, Велес 4, Свети Николе 1 и Гостивар 1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на COVID-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78 години) примен на 7-ми мај и пациент од Тетово (77 години), на болничко лекување од 14-ти мај.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство