Фокус: Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 19:00 часот во сабота, до вторник до 05:00 часот наутро

Скопје, 20. мај 2020 (Inpress) – Полицискиот час да трае од 19:00 часот во сабота, до вторник, до 05:00 утрината, предлата Комисијата за заразни болести до Владата, неофицијално дознава „Фокус“.

Комисијата за заразни болести денеска расправаше за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците кои следат, како и за отворањето на угостителските објекти.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.

Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог. Доколку биде прифатен, тоа значи дека ќе не очекува карантин од 58 часа. (Крај)

извор: Фокус фото: архива