Лани во охридското кино биле проектирани 11 филмови, а се одиграле 26 претстави

Лани во охридското кино биле проектирани 11 филмови, а се одиграле 26 претстави

Охрид, 21. мај 2020 (Inpress) – Во текот на минатата година во охридското кино биле проектирани 11 филмови, а се одиграле 26 претстави, објави Државниот завод за статистика.

Четири филмови биле домашни, а седум странски. Од одиграните претстави 19 се домашни, а 7 се странски. Во овој период регистрирани биле 3.153 посетители, од кои 2.981 домашни и 172 странски. Во статистиката како капацитет на салата е земен 540 седишта.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година се опфатени 15 кина во Република Македонија. Бројот на прикажаните филмови е 1.139, на кинопретставите 15.667, а бројот на посетителите е 539.218. Во 2019 година, во споредба со 2018 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 4%. (Крај)

извор: Inpress фото: архива