Пронајден чамец со поголема количина риболовен алат и риба

Пронајден чамец со поголема количина риболовен алат и риба

Охрид, 21. мај 2020 (Inpress) – На 20-ти мај 2020 година, во 08:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, до брегот на Охридско Езеро, биле забележани три лица со риболовен алат и вреќи со улов.

– Станува збор за 65-годишниот М.П., 35-годишниот Е.З. и 31-годишниот Е.З., сите од Охрид, кои го напуштиле местото. По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба. Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива