Потврдени нови 40 случаи на COVID-19, 11 излечени и еден починат пациент

Скопје, 21. мај 2020 (Inpress) – Во текот на изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1 и Битола 1.

Од Министерството за здравство информираат дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2 и Кочани 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12-ти мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.

Фотографија на Венко Филипче.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива