Пријава за државјанин на Албанија, фатен на „Ќафасан“ со марихуана

Струга, 21. мај 2020 (Inpress) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот албански државјанин Т.С. за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 12-ти декември 2019 година, преку граничниот премин „Ќафасан“ остварил влез во Република Македонија и при контрола, полициските службеници, под ранец оставен на седиштето, пронашле кеса со опојна дрога марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива