Три лица во Струга се приведени поради непочитување на забраната за движење

Охрид, 21. мај 2020 (Inpress) – Во текот на изминатото деноноќие (20-ти и 21-ви мај), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-3).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 29 контроли врз лица во изолација, 15 контрола врз лицата во самоизолација и 69 контроли на угостителски и други објекти. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива