Нова атракција: Охрид ја доби првата (полу)подморница (Фото)

Нова атракција: Охрид ја доби првата (полу)подморница (Фото)

Охрид, 22. мај 2020 (Inpress) – Во пресрет на годинешната туристичка сезона, Охрид со уште една интересна понуда – од денес ја доби првата (полу)подморница.

Станува збор за интересно пловило, кое најчесто сме го гледале на морските туристички дестинации. Semi-submarine или полу-подморница е пловило кое има стаклен дел на дното за туристите да можат да уживаат во водниот свет во езерото, но и подводните локалитети во Охридското Езеро.

Image may contain: people sitting, ocean, outdoor, water and nature

Пуштањето на пловилото утрово беше вистинска атракција за охриѓани кои го искористија сончевото време за прошетка покрај езерото. (Крај)

извор: Inpress фото: FB: Trajce Cezar Jonovski