МВР: 46 граѓани не ја почитувале забраната за движење, 41 се приведени

Скопје, 22. мај 2020 (Inpress) – Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Во државен карантин се спроведени 38 лица. (Крај)

извор: МВР фото: архива