Владата денес ќе решава колку ќе трае полицискиот час за продолжениот викенд

Скопје, 22. мај 2020 (Inpress) – Владата денес треба да донесе одлука како ќе изгледа полицискиот час за време на продолжениот празничен викенд.

Комисијата за заразни болести предложи воведување на 58-часовен полициски час, кој би започнал од утре од 19:00 часот и да трае до вторник до 05:00 часот наутро.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам, поради што и понеделник е неработен ден.

Деновиве Исламската верска заедница испратила писмо до Владата на Република Македонија во кое ја информира дека е против воведување на забрана за движење. Вчера оттаму излегоа со мерки како треба да се однесуваат верниците за време на намазот и ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам. (Крај)

извор: Inpress фото: архива