Распишан конкурсот за петтото издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“

Распишан конкурсот за петтото издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“

Охрид, 22. мај 2020 (Inpress) – Распишан е конкурсот за необјавена песна, по повод петтото издание на поетска манифестација „Охридски поетски бисер“.

Согласно конкурсот максималниот број на стихови во песната треба да биде 25, да е пишувана со кирилично писмо, лекторирана, а темата е слободна.

Песните да се испраќаат на e-mail: ohridski_poetski_biser@yahoo.com, најдоцна до 15-ти јуни.

Имајќи ја во предвид актуелната состојба со вирусот COVID-19 и препораките на надлежните институции, за датумот, местото и времето на одржување на манифестацијата организаторите дополнително ќе информираат. (Крај)

извор: Inpress фото: архива